Промени тема
Контакт

(Видео) По земјотресот, публиката во МНТ тргна да заминува, Сашко Коцев ја сврте работата на смеа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Настани
media-libraryajl3m8oq2gnq8DTHsBs

Земјотресот што вечерва го почувствува Скопје се случи за време на стенд-ап комедијата „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, која се изведуваше во Македонскиот народен театар. Во моментот на потресот, дел од публиката се вознемири и стана од своите места со намера да ја напушти салата, додека другиот дел продолжи да реагира со смеа на шегите на сцената.

Коцев, кој изјави дека не го почувствувал земјотресот, ситуацијата веднаш ја сврте на шега, задржувајќи ја смиреноста и позитивната атмосфера во салата. До посетителите кои решија да заминат, тој упати апел тоа да го сторат мирно и без брзање, со цел да не се создаде паника или дополнителна вознемиреност.

— реклама —

По околу десет минути, стенд-ап комедијата заврши во целосно мирна атмосфера, без тревога и без нарушување на безбедноста на публиката. Настанот помина без инциденти, а реакцијата на комичарот придонесе вечерта, и покрај неочекуваниот прекин, да заврши во духот на смеата и смиреноста.

— реклама —

Инаку според последните информации, земјотресот е регистриран во Косово, а почувствуван во делови од Македонија. Истиот, според неофицијалните страници кои преработуваат информации од сеизмолошки станици е 4,3 степени, инаку првичните информации беа дека станува збор за потрес од 4,6 степени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library76a8cgenbdoe059F8wG

Тешки последици од земјотресот во Колумбија: Речиси 300 загинати, илјадници повредени

Свет | пред 4 дена

media-libraryuh6k6adkmbhj86oFdxi

Силен земјотрес ја погоди Индонезија: Најмалку 38 загинати

Свет | пред 4 дена

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија: Потрес од 2,8 степени регистриран меѓу Тетово и Гостивар

Македонија | пред 4 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Се стресе охридскиот регион: Регистриран земјотрес на длабочина од 15 километри

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања