Радосен момент на Клиниката за детски болести – победничкото ѕвонче повторно одекна, означувајќи уште една извојувана битка.
Овојпат ѕвонецот го означи храбриот пат на Бајрам, кој успешно ја помина тешката борба и ја дочека својата победа.
Од Клиниката му посакаа многу здравје, среќа и живот исполнет со радост и успеси.
„Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја освои тешката битка“, порачаа од Клиниката за детски болести.