Победничкото ѕвонче повторно силно одекна на Клиниката за детски болести за да ја означи големата победа на нашиот мал херој Ефнан, кој храбро ја помина и ја извојува тешката битка.
Неговата сила и храброст се причина за голема радост и гордост. На Ефнан му посакуваме многу здравје, безгрижно детство, многу насмевки и среќни денови исполнети со игра и радост!
Браво, Ефнан! Твоето победничко ѕвонче нека ѕвони уште долго!