Под засилено присуство на полицијата, денес во Основниот суд во Штип стартува судењето за убиството на турскиот државјанин кое се случи на 8 мај во едно од локалните кафулиња. На обвинителна клупа седнаа пет лица.
Главен осомничен е 21-годишниот Турчин Карим Кара, кој според обвинението го испукал смртоносниот куршум. Тој се товари за тешко убиство, како и за недозволено поседување оружје и експлозив.
Покрај него, уште четворица лица се обвинети дека му помогнале во подготовката и извршувањето на злосторството, па се товарат за помагање при убиство.
Судијката Јулијана Недкова, искусен кривичар ќе го води процесот кој се очекува да привлече големо внимание поради тежината на делото.
Убиството се случи во мај годинава кога во СВР Штип беше пријавено пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип.