Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Под седишта и во фабричка шуплина на автобус криел стотици пури: Царината откри шверц на Табановце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Настани
media-libraryspq8pooms61cfqlCHis

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на 312 парчиња пури во вредност од околу 4.000 евра, при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце.

— реклама —

Како што информираат од Царинската управа, против К. Б., македонски државјанин и возач на автобус вработен во компанија за меѓународен патен превоз, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

— реклама —

При деталната контрола, мобилниот царински тим пронашол вкупно 312 пури од различни производители, скриени под седиштата и во фабричка шуплина на автобусот. Проценетите избегнати давачки изнесуваат 174.900 денари.

Запленетите акцизни производи, по наредба на ОЈО Куманово, ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

— реклама —

Од Царинската управа најавуваат дека ќе продолжат со засилените контроли со цел спречување на нелегалната трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања