Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Полициски службеник пукал со огнено оружје на семејна прослава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarybsattomtnk671tEAmvW
Илустрација / Скопје1

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З.Р. од Полициската станица за граничен надзор Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

— реклама —

Според МВР, инцидентот се случил на 22 мај годинава, кога пријавениот, за време на семејна прослава во дворот на својата куќа и во присуство на поголем број гости, испукал повеќе истрели од огнено оружје, со што ги загрозил животот и безбедноста на присутните.

— реклама —
— реклама —

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

— реклама —

Од МВР информираат дека против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка за утврдување одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе биде донесена мерка за негово отстранување од работното место, односно суспензија, сè до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 4 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања