(Видео) Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjifmen1b5iimcSc3g1L

Премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани изјави дека опозицијата се обидувала да креира „лажна слика“ дека претставници на власта нема да се појават на расправата, но, како што рече, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ била присутна.

— реклама —

„И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека внимателно ги следеле дискусиите:
„Тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите од родителите, тие коишто земаа збор. Ги слушнавме, исто така, дискусиите на дел од организациите како ‘Супорт Кочани’, ‘Кој е следен’, и дел од дискусиите на некои од пратениците.“

— реклама —

Мицкоски додаде дека „континуираните лаги на опозицијата“ не успеале да создадат поинаква слика во јавноста.
„Сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква“, рече премиерот.

Тој повторно изрази сочувство до семејствата погодени од трагедијата:
„Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние кои ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, до оние кои се повредени од овој трагичен настан.“

Мицкоски истакна дека државата ќе ја даде целата потребна поддршка:
„Ние како држава ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега која е потребна, и се разбира, сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили.

Not valid youtube link

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk8pson7ar6028PyoYZ

„Супорт Кочани“ на Анкетната комисија: Девет месеци сме без пауза, а вие барате еден час?

Македонија | пред 2 месеци

media-library39p4goi9fas0cVgWCUr

Мајка на загинато дете во пожарот во „Пулс“ побара одговорност и од двајца актуелни функционери

Македонија | пред 2 месеци

media-library339jf889plbr6HIwW4O

(Видео) Вербален судир на седницата за „Пулс“: Апасиев и Василевска во расправа околу надлежностите на Комисијата

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvcvvj1utob7f7vIZYcI

Левица ја повика власта да обезбеди кворум на седницата за „Пулс“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања