🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Полнолетство на „Бекстејџ“: признанија за успесите, аплаузи за ѕвездите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-library4rham22p1fateMrvF1D

Единствениот естраден магазин во Македонија, „Бекстејџ“, прослави 18 години постоење со свечена забава на која присуствуваа бројни јавни личности – музичари, актери, културни работници, политичари и новинари. На настанот беа доделени десетици награди како признание за постигнатите успеси и придонес во културниот и јавниот живот.

— реклама —

Главната уредничка на магазинот, Ева Јакимовска, пред присутните истакна дека нивната мисија останува непроменета:

„Да ја чуваме културата, да ја раскажуваме музиката и да ги пренесуваме најискрените емоции на оние кои живеат и ја создаваат уметноста. Благодарение на вас успеавме да опстанеме, да пораснеме и да станеме дел од историјата на медиумската сцена на Македонија“, порача Јакимовска.

Публиката уживаше во настапите на Слаткаристика, Некст тајм, Антонија Гиговска, Пајак, Игор Димовски и легендарниот Ненад Милосављевиќ од групата „Галија“.

— реклама —

Првата награда за вечерта – признание за најдобар спортски клуб – ја доби РК Алкалоид, актуелен европски освојувач на европскиот ЕХФ Куп, а наградата ја прими тренерот и македонска спортска легенда Кире Лазаров.

Наградата за изјава на годината ја понесе Игор Џамбазов, кој доби и најголем аплауз.

„И мене ми летнаа овие 18 години. Сега имате лична карта, може да гласате, може и да ве ожениме со временска прогноза. Ви благодарам, ќе се трудам и натаму да изјавувам што помалку глупости“, рече Џамбазов низ шега.

Антонија Гиговска ја освои наградата за најдобра пејачка, додека Игор Димовски со неговата екипа беше награден за проектот „Пауза за ракија“.

Присутен беше и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој ја прими наградата за најдобро културно лето организирано во неговата општина.

Во изминатите години „Бекстејџ“ промени неколку телевизии, но остана единствен естраден магазин во земјата кој секојдневно носи ексклузивни интервјуа и извештаи од културните и забавните настани низ Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања