(ВИДЕО) Поплава во СЈО ги уништина главните докази во истрагата „Империја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

imperija

Поплава во подрумските простории на Специјалното јавно обвинителство уништила и оштетила докази во истрагата „Империја“. Тоа е предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари. Според доброупатени извори на 360 Степени поплавата се случила минатата недела. Случајно или не, веднаш по настанот, обвинителката што го води предметот „Империја“, Лиле Стефанова, отсуствуваше од работа, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Порталот уште пишува:

„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките на тој систем, пришто беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на СЈО осигурени се како објектот, така и опремата“.

— реклама —

e8ozGMTnPwU

 

Со оглед на тоа што „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, шанса за неповратна штета има само кај „Империја“, кој е во фаза на истрага. А ова и не е прв преседан поврзан со овој предмет. Уште кога СЈО ја објави истрагата, на 9 ноември минатата година, обвинителството немаше вообичаена прес-конференција ниту пак ја следеше сопствената пракса да објави детали од кои може да се види кој за што се сомничи или каква е поврзаноста меѓу физичките и правните лица во предметот.

Петмина осомничени, меѓу кои Камчев и Мијалков, завршија во притвор, а за јавноста беше објавено соопштение со збирен преглед на кривичните дела и најава:

„Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела...“ – се вели во дел од соопштението на СЈО од 9.11.2018

Само месец и половина подоцна, на крајот на декември, СЈО се премисли и наместо дотогашниот затворски побара куќен притвор за осомничените во овој предмет. Образложението беше дека успешно се прибрани сите докази и потребни сведочења, пишуваат од 360stepeni.mk.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања