Општина Сарај се соочи со сериозни последици од обилните врнежи, при што над 30 објекти беа поплавени, а дел од улиците останаа под вода. Екипи на терен интервенираа за испумпување на водата и спречување на дополнителни штети.
Градоначалникот Мухамет Елмази информираше дека од денес започнува организирано справување со последиците од поплавите, со интензивна работа на терен и координација со надлежните служби.
„Од денес – справување со последиците од поплавите и интензивна работа на терен. Заедно го надминуваме секој предизвик“, порача Елмази.
Од Општината апелираат до граѓаните да пријавуваат штети и да ги следат насоките на службите, додека надлежните најавуваат проценка на штетите и дополнителни мерки за стабилизирање на состојбата.