Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ВИДЕО) Последната песна на Мерима Његомир е објавена ден пред нејзината смрт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
merima-njegomir-foto-damir-dervisagic-1479251606-1036087

Последната песна на Мерима Његомир, која ја сними во дует со групата „Легенде“, е објавена еден ден пред смртта на пејачката. Песната „Љубовта трае“ беше објавена на 19 ноември на Јутјуб каналот на Радио телевизија Србија.

„Многу нè радува оваа соработка, која ја договаравме со големо внимание бидејќи Мерима е докажана музичка легенда и голем познавач на музиката. Верувам дека на публиката песната ќе ѝ се допадне колку и на нас“, рекол авторот на песната Зоран Дашиќ пред промоцијата.

— реклама —

Фронтменот на „Легенде“ открил дека песната „Љубовта трае“ е објавена на Јутјуб по желба на ќерката на Мерима. Песната била снимена уште летото, и иако се договарале да направат спот, никогаш не го снимиле.

„Оваа песна е круна на нашето пријателство, а ја објавивме по желба на ќерката на Мерима. Сакавме да снимиме видео, но еден месец откако песната беше готова, дознавме дека Мерима има рак. Тогаш ми рече: ‘Ма ќе застанам јас на нозе, таман снимањето ќе ми дојде како релаксација од сето ова. За среќа, таа дојде да нè изненади на снимањето на емисијата во РТС, ја отпеавме песната и ете, тоа ќе ни остане како најубав спомен“, рекол Дашиќ.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања