Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Потоп во Кина: 54.000 луѓе евакуирани, улиците претворени во реки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryo45jf29oa345d4zmnj5

Обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара предизвикаа сериозни поплави во делови од Кина, поради што околу 54.000 луѓе морале да бидат евакуирани. Од нив, околу 8.000 биле сместени во привремени засолништа за итни случаи.

Најтешко е погоден регионот Гуангси, каде што поројните дождови предизвикале излевање на водите и поплавување на повеќе населени места. Кинеските метеоролози предупредуваат дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи.

— реклама —

Нивото на водата во 15 реки го надминало прагот за издавање предупредување, а на снимките објавени од кинеските медиуми се гледаат целосно поплавени улици и патишта.

Спасувачките екипи се движат низ вода до колена, а на места користат гумени чамци за да ги извлечат жителите од поплавените подрачја.

— реклама —
— реклама —

Во меѓувреме, лошото време влијаело и врз кинеската вселенска програма. Кина го одложи планираното лансирање на амбициозната лунарна мисија „Чанге-7“, која требаше да спроведе истражувања на Месечината, вклучително и потрага по вода во форма на мраз.

Леталото требаше да биде лансирано во наредните денови од космодромот Венчанг на островот Хајнан. Кинеската вселенска агенција соопшти дека мисијата не ги исполнува условите за лансирање во предвидениот период.

— реклама —

Одлуката, како што е наведено, била донесена по сеопфатна процена, со цел да се обезбедат сигурноста и успешното реализирање на мисијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 3 дена

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 5 дена

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања