„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Потпишан меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации - UNOPS и со МНР на Кралството Норвешка, за решавање на проблемот со линдан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
dogovor-vlada-2

Премиерот Зоран Заев во име на Владата на Република Македонија денеска го потпиша Меморандумот за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации - UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора.

— реклама —

Успешната имплементација на проектот има за цел создавањето на заеднички Фонд, како системски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.

— реклама —

„Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина. Република Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004-тата година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009-та година, e обврзана да го реши овој проблем. И затоа час поскоро мора да го дислоцираме отпадот без последици врз околината и врз граѓаните“, истакна премиерот Заев.

wWDRkE_IN5k

Потенцирајќи дека здравата и чиста животна околина се едни од основните предуслови за квалитетен живот на сите, премиерот Заев истакна дека Владата и сите други надлежни институции се определени да создадат средина во којашто граѓаните ќе живеат без да се грижат каков воздух дишат или што се крие под земјата којашто ја газат.

Процесот за конечно решавање на проблемот со илјадниците тони отпад од опасниот пестицид линдан во поранешната фабрика Охис, ќе го води Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања