„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Потресно: Три години бараат правда за смртно прегазената ќерка, процесот се суди одново и никако да започне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-27-at-16.33.39

По вторпат се одложи почетокот на повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Теодора Ристовска. Семејството е разочарано порачаа дека ќе се борат за правдата.

— реклама —

„Срамота за државата, нека размисли државата. Ќерка од 22 години ја изгубив, ја убија. Четврта година на Машински факултет. За правда јас плачам, не плачам за друго“, рече таткото на Теодора Ристовска.

Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора, рече дека се сомневаат во манипулација со правниот процес, преку неоправдано одложување на рочиштата.

— реклама —

„Длабоко сме згрозени како семејство од фактот дека обвинетиот точно на денот на судењето повторно се води како „болен“. Ова предизвикува сомнеж за манипулација со правниот процес и неоправдано одложување на рочиштата.

Не можеме да разбереме како лице обвинето за убиство сè уште се наоѓа на слобода. Од самиот почеток, тој се повикува на здравствени причини како причина за одлагање на судењето. На првото рочиште од претходните судења се водеше како психички нестабилен, а сега, повторно, поради други здравствени причини, се одложува судењето.

По смртта на мојата сестра, ова лице продолжи да работи во образовна институција како професор, иако случајот сè уште беше во постапка Основен суд, Апелационен суд и Врховен суд. Додека ние ја бараме правдата, тој го продолжи својот живот како ништо да не се случило. Дополнително, веднаш по нејзината смрт, тој слободно управуваше со автомобил, иако претходно тврдеше дека е психички нестабилен. Ова не само што покажува непочитување кон Теодора и нашето семејство, туку ѝ претставува сериозен ризик за јавната безбедност. Како можеш дома да ги гледаш своите деца, знаејќи дека си одзел нечиј туѓ живот? Како немаш грижа на совест и најмалку сочувство за болката што ја предизвика? Бараме од надлежните институции да преземат соодветни мерки и да спречат понатамошно одложување на правдата. Ова не смее да биде уште еден случај во кој системот дозволува одолговлекување и неказнивост!“, напиша Ристовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања