Промени тема
Контакт

(Видео) Повеќе од 1.000 работници се на терен по поројниот дожд, булеварите се проодни, нема жртви, вели скопскиот градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarytnjrevpnv32s5oy3wxs
Orce Gjorgievski/Facebook

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека по невремето кое попладнево го зафати главниот град, екипите на Град Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен и со брза, навремена и координирана реакција спречиле поголеми последици.

Тој посочи дека службите остануваат целосно мобилизирани и ќе бидат на терен во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенции и поддршка за граѓаните.

— реклама —

„Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека е во постојана координација со градоначалниците на скопските општини, како и со сите надлежни институции.

— реклама —

„Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност. Скопје и скопјани не се оставени сами. Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно“, порача градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq8n9i3s37q0qenjM5E6

(Видео) Се расчистува Градски парк, вработени во „Паркови и зеленило“ и натаму интервенираат поради паднатите дрвја

Скопје | пред 3 часа

media-library87c32pmk9fgp5Y5u3eY

(Видео) Паднати дрвја во Градскиот парк уште сведочат за невремето од пред еден месец

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu29pmreduu8k6cKUwry

(Фото) Гробови се откорнати во Бутел по силното невреме

Скопје | пред 1 месец

media-librarytnjrevpnv32s5oy3wxs

Скопје под вода по вчерашното невреме: Поплавени подвозници, улици, куќи и јавни објекти

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања