Граѓаните од Аеродром повикуваат на протест поради неподносливата миризба и загадувањето од депонијата Вардариште, која со години го труе половина град. Тие бараат итно решавање на проблемот, предупредувајќи дека во локацијата има над 2 милиони кубни метри отпад што претставува сериозен ризик за здравјето и животната средина.
-ЕКОЦИДОТ или силната миризба која ја чувствуваме изминативе неколку дена е неподнослива и со сигурност неизмерно штети на нашето здравје. Нашите деца ја школската година ја започнаа во најлоши можни околности. Нашa граѓанска должност е да побараме СЕГА и ВЕДНАШ разрешување на овој проблем. Како граѓани се прашуваме: Кои институции ги плаќаме со наши пари да го решат овој проблем? СЕГА и ВЕДНАШ, не по изборите, ниту по наредниот тендер.
Веруваме дека овој проблем може и мора да биде решен само и мирно со бојкот на раскрсницата помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот Киро Глигоров, се наведува во повикот за протестот.
Жителите на нагласуваат дека осум години негрижа и молк од Град Скопје ја довеле депонијата до колапс, а тие и нивните деца секојдневно го чувствуваат загадениот воздух.