Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Повторно нема лекови на Онкологија - СДСМ бара оставка од Клековски“, вели Радеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-library1atn4g8g184hb2buucB

Онколошките пациенти повторно се соочуваат со недостиг на потребната терапија, откако на Клиниката за радиотерапија и онкологија го нема лекот „паклитаксел“. СДСМ обвинува дека пациентите се враќаат дома без терапија и дека добиле информација оти лекот нема да биде достапен до Нова година.

— реклама —

На прес-конференција, Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ побара оставка од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, и одговорност за сите што дозволиле пациентите да останат без неопходниот лек.

— реклама —

Според Радеска, прекинот на терапијата може да го доведе во ризик здравјето на пациентите и да придонесе за напредување на болеста. Таа го обвини раководството на здравствениот систем за неспособност и порача дека наместо итно решение, пациентите добиваат известување дека ќе мора да чекаат со недели.

— реклама —

Од СДСМ бараат веднаш да се обезбеди „паклитаксел“ за сите пациенти на кои им е потребен, без дополнителни одложувања и префрлање на одговорноста. Партијата го поврза недостигот на лекови со, како што наведува, проблемите со тендерите во здравството.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarynr9hjpio05er43cd3qc

(Видео) Радеска: Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
Tribina-SDSM-1-2

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања