Промени тема
Контакт

(Видео) Радеска: Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клинички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarynr9hjpio05er43cd3qc

На прес-конференција, Елена Радеска, членка на Комисијата за здравство на СДСМ побара одговорност поради, како што тврди, тринеделен прекин во работата на компјутерските томографи во Клиничкиот центар.

Радеска рече дека пациентите три недели чекаат прегледи и побара министерот за здравство Сашо Клековски да одговори зошто сè уште нема решение.

— реклама —

„Зад секој одложен преглед стои човек што чека дијагноза. Семејство што стравува. Пациент што не знае кога ќе почне да се лекува“, изјави Радеска.

— реклама —

Таа побара информации за тоа каде се упатуваат итните случаи, колку прегледи се одложени и како се обезбедува лекување на пациентите во услови кога томографите не функционираат.

Од СДСМ велат дека здравството и клиниките не треба да бидат предмет на партиски интереси и обвинија дека се издвојуваат средства за тендери, додека, според нив, нема решение за проблемот со томографите.

— реклама —

Радеска побара веднаш да се стават во функција сите компјутерски томографи, да биде утврден точен рок за нивно оспособување и да се утврди одговорност за состојбата.

— реклама —

„Бараме точен рок за ставање на томографите во функција и утврдување на одговорност. Од министерот Клековски па сè до раководството на Клинички“, порача Радеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Tribina-SDSM-1-2

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања