Огромен пожар се шири кај скопската населба Петровец. Во моментов, само едно противпожарно возило е на терен, а има густ чад. Огнот има зафатено голема површина.
[embed]https://www.facebook.com/janeski.ognen/videos/1211446112342440/[/embed]
Новинарот Огнен Јанески соопшти дека од Противпожарната единица за ТВ24 рекле дека пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска.
Сепак новинарот со право посочи дека загадувањето што ќе се пренесе во воздухот од ваквите палења е ужасно и големо.
Повеќе од 20 пожари предизвикани од запалени стрмништа денеска имало во скопско.