„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Пожарот беснее кај Кочани – зафатени се и куќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pozar-1

Исклучително сериозна е ситуацијата со пожарот кај Кочани. Пламените јазиции стигнаа до градот и според првичните информации горат куќи во Кочани меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев.

— реклама —

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев за „360 степени“ изјави дека постои голема опасност за градот од три страни и дека огнот се гасне со пет противпожарни возила, додека едно возило изгорело.

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“, изјави Илијев за „360 степени“.

— реклама —

 

https://twitter.com/BobanAlexGFX/status/1422239810392051714

Според жителите на кочанското село Бели, кое е во непосредна близина на градот, пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се распламтил поради ветерот кој го разнесува на сите страни.

На помош за гасење на пожарот во Кочани се испратени и три противпожани возила од Скопје, две од нив учествувале во гасењето на пожарот во Старо Нагоричане и едно возило од Автокоманда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања