Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пожари избувнаа на грчки остров во близина на Атина: Две лица загинаа, над 500 евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4juoot6iejku261gALe

Две лица загинаа, а повеќе од 500 жители беа евакуирани по морски пат откако во неделата речиси истовремено избувнаа два пожари на грчкиот остров Саламина, западно од Атина.

Првиот пожар избувнал околу 14:40 часот по локално време во Перистерија, во јужниот дел на островот, каде што станбените објекти се наоѓаат во близина на шумски предели. Само дваесетина минути подоцна избувнал и втор пожар во источниот дел на островот, во градот Селинија.

— реклама —

Пожарникарите што пристигнале на местото на првиот пожар пронашле две безживотни тела. Засега не е утврдено што ги предизвикало двата пожари.

— реклама —

Во гаснењето биле ангажирани околу 200 пожарникари, 50 противпожарни возила, авиони и пет патролни чамци, а во евакуацијата по море помогнале и приватни пловила.

— реклама —

Грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис соопшти дека најмалку 10 лица биле згрижени поради изгореници или вдишување чад, од кои пет добиле медицинска помош на самиот остров.

— реклама —

Приоритет на пожарникарите е да спречат двата пожари да се спојат преку централниот планински предел на островот, што би создало многу поопасна ситуација.

Саламина има околу 37.000 жители, а властите особено се загрижени поради големиот број постари жители, што ја отежнува брзата евакуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

police_457542992-1-1021x580

Голема полициска акција во Грција: Криумчареле над 500 мигранти и заработиле најмалку 750.000 евра

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања