Горазд Китановски е млад скопјанец кој одвреме на време се обидува да ги обои монотоното, пандемиско секојдневие во кое што живееме повеќе една година, а тоа го прави читајќи поезија најчесто во автобусот број 41. Младите уметници поради коронакризата немаат можност да ги промовираат своите дела, но оние со креативни идеји секогаш го наоѓаат патот до публиката. Тој за канал 5 објаснува зошто токму автобусот е негова сцена.
Автобусот е место каде што ние сме самите со себе и сме во лавиринт од нашите мисли додека гледаме низ прозорчето и си помислив колку би било кул доколку во автобус се направи промоција, пошто нели сега е забрането да се направи, но автобусот се собираме како и да е, па си реков да го искористам моментот ете да направам нешто, чудно можеби.
Китановски во автобусот, но и на други места во градот им дава на сограѓаните ливчиња и ги охрабрува да напишат свој стих или барем по една реченица. Неговата идеја е таа збирка од писанија на граѓаните да ја вметне во книга наречена „НИЕ“, на која нема да има писателско име, туку ќе биде дело на Скопјани.
извор: Канал 5