Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Позната состојбата на повредените во автобуската несреќа во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Настани
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Две лица загинаа, а 33 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Хрватска, во која автобус со српски регистарски ознаки се преврте на автопатот А3, на околу 40 километри од Загреб.

Од Клиничкиот болнички центар Загреб соопштија дека веднаш по добиената дојава го активирале внатрешниот протокол за прием и згрижување на поголем број повредени. Биле алармирани сите надлежни болнички служби и преземени потребните организациски и кадровски мерки.

— реклама —

Според последните информации, во автобусот имало вкупно 35 лица, од кои двајца загинале, шестмина се здобиле со тешки телесни повреди, а 27 поминале со полесни повреди.

Повредените се распоредени во пет здравствени установи во Загреб: Клиничкиот болнички центар Загреб, болницата „Сестри на милосрдието“, болницата „Дубрава“, Клиниката за трауматологија и болницата „Меркур“.

— реклама —

Несреќата се случила утрово околу 7:25 часот на автопатот А3, во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич-Град. Според информациите од теренот, станува збор за автобус на српската компанија „Ниш експрес“.

Автобусот ја пробил заштитната ограда покрај лентата за запирање, по што се превртел на околу десет метри од автопатот.

— реклама —

Во спасувачката акција учествувале противпожарни екипи, брза помош и хеликоптер. Во автобусот имало 33 патници и двајца возачи, а повредените биле пренесени во загрепските болници.

Од Клиничкиот болнички центар Загреб информираат дека пациентите кои досега пристигнале се наоѓаат на дијагностички прегледи и медицинско згрижување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

(Видео) Двајца загинати и повеќе повредени во тешката автобуска несреќа во Хрватска, автобусот излетал од автопатот и се превртел

Настани | пред 2 часа

— реклама —
brza-pomos-hrvatska

Автобус со 35 лица излетал од автопатот и се превртел во Хрватска, има загинати и повредени

Балкан | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања