Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Пратениците добија понуда со стековите од Мерко да прават пикник да струшката депонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jauleski

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се пофали дека на депонијата во Струга може да се прави пикник, пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ ги покани пратениците да одат заедно. Тој им рече дека можат да земат и од пилешките стекови на Мерко за јадење, а кои се плаќаат од општинската каса. Јаулески посочи дека Струга е ужасна кога депонијата се пали.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

„Кога во Струга се пали депонијата личи на сцени кога Сојузниците влегуваа во Берлин во Втората светска војна. Цел чад и смрдеа се спушта во градот во сред сезона и струшкото поле каде се одгледуваат градинарски култури и завршуваат директно на пазарот, а стружани ги купуваат. Има денови кога по цел ден гори и смрди и први на удар се жителите од Велешта, Враништа, Радолишта, Плитишта, жителите на нас. Ристо Крле итн., а Мерко, замислете, вели дека била толку добро одржувана што таму можело да се прави пикник. Ајде тогаш сите колеги, еве отворена покана, да отидеме на депонијата и да правиме пикник, Мерко ќе биде дарежлив и ќе даде од пилешките стекови за 300.000 евра кои годишно ги јаде во два струшки ресторани, па да видиме дали таму е достојно место да се прави пикник“, рече Јауелски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања