„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Пратеникот Јаулески објави како повторно гори трска: Буквално на никому не му е гајле, ниту се реагира да се спречи ова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-23-200222

Веќе неколку пати безмилосно се пали трската во Струга, никој не презема одговорност ниту се прави нешто за да се фатат сторителите. Ниту локалната власт предводена од Мерко, ниту МВР, обвинителството, буквално никој, вели пратеникот Јован Јаулески, кој вечерва на социјалните мрежи сподели видео од трската која гори.

— реклама —

„Трската е исклучително важна за биодиверзитетот на езерото, таа е дом за гнездење на различни видови на птици, а нејзиното уништување значи и уништување на живеалиштата на животинскиот свет, на нивниот простор за безбедно размножување, особено на рибите.

Уништувајќи ја трската се уништува живот.

— реклама —

Овој проблем не е од сега, палењето на трската е нотирана и во извештајот на УНЕСКО.

Проблем е што никој не реагира, ниту прави нешто за да го спречи ова.

Прашањето е, која причината за сето ова?

Можеби нови дивоградби, кафичи, спортски сали, згради или слично?

За апетитите на властите ќе го ризикуваме нашето езеро и животот во него?

Апелирам веднаш да реагира Министерството за животна средина, МВР, обвинителството и локалната власт, доколку таа не го аминува сето ова.

Ова веднаш мора да запре“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања