Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ алармира за сериозен проблем со канализацијата во Горно Нерези, каде прекината или недоизведена цевка доведува до отворен излив кој ја загадува околината. Тие велат дека општината продолжува да издава одобренија за градби без да реши основни инфраструктурни проблеми како водоснабдување и канализација.
Ова е прекината или недоизведена цевка за канализација во падините на Горно Нерези.
Општината упорно издава одобренија за градби како рурален дел, со урбанистички проекти, не земајќи во предвид дека водоснабдувањето и канализацијата се нерешени во овој дел.
Така доаѓаме до оваа слика на отворен излив на канализација, делот над Вила Ина кој интензивно ја загадува околината.
На неколку наши барања за приоритет на изведба и решавање на канализација и водоснабдување за Горно Нерези, немаме одговор.
Со темпото со кое во минатиот период се издадени одобренија за градба во тој дел, а без никаква инспекциска контрола, ова е редовна слика и на други делови.
Реакција е потребна веднаш и сега“, велат од граѓанската иницијатива Независни за Карпош.