Јосиф Роџак, ноќен чувар во камп на Паг е таткото кој изутринава ги фрли своите четири мали деца од првиот кат на семејниот дом на овој хрватски остров. Тој е уапсен, додека неговите деца се хоспитализирани, а две од нив се тешко повредени. Децата се на возраст од 3, 5, 7 и 8 години, а татко им ги фрлил изутринава пред 7 часот од 6 метри височина.По пристигнувањето на полицијата, децата биле во свесна состојба. Тие се префрлени во болницата во Задар.
https://www.facebook.com/24sata/videos/580042775798819/
Според хрватските медиуми, Јосиф работел како ноќен чувар дека неговата сопруга се грижела за децата. Таа имала и 18 – годишна ќерка од првиот брак која и била одземена и живее во Риека. Пред десет години, семејството се преселило од Вировитица на островот Паг.
Во времето кога се случил инцидентот во куќата била и мајката на децата. Таа, наводно, сакала да оди со децата во болница, но полицијата не и дозволила и ја вратиле дома. Двете деца на возраст од 7 и 8 години имаат потешки повреди и се сместени на одделение за интензивна нега. Тие имаат фрактури на телото. Другите две деца на возраст од 3 и 4 години се полесно повредени.
Соседите велат дека чувствувале дека нешто не е во ред со семејството. Децата секогаш како патчиња оделе зад својата мајка, за која биле многу врзани.