Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library0nqdf883a6vhcpWBDEA

Возач од Скопје е санкциониран откако со патничко возило се движел по велосипедска патека во скопската населба Бутел, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Случајот бил откриен откако на социјалната мрежа TikTok било објавено видео на кое се гледа како автомобил „сузуки“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедската патека покрај улицата „Бутелска“, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“.

По објавата, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје веднаш презело мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

— реклама —

Од МВР информираат дека возачот е идентификуван како Н.К. (46) од Скопје. Тој на 28 октомври 2026 година бил повикан на службен разговор, по што бил соодветно санкциониран за сообраќајниот прекршок – управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со своето однесување да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt02gl61tb0qfddY859l

Нападнале 63-годишна жена во Скопје и ѝ ја украле ташната, полицијата приведе 19-годишник и 15-годишник

Скопје | пред 8 минути

— реклама —
uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 4 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 77-годишен пешак откако во него удри автомобил

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања