(Видео) Протече стара снимка од синот на Доналд Трамп, милиони се зачудени: „Зошто зборува со словенечки акцент“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-15-at-09.29.25

Корисниците на социјалните мрежи станаа опседнати со ретка снимка на која синот на Доналд Трамп, Барон зборува, кога имал само четири години.

— реклама —

Откако остана надвор од центарот на вниманието во поголемиот дел од својот живот, најмладиот син на Доналд (18) стана интернет сензација во последните месеци - и, според Дејли Мејл, еден од најпосакуваните ергени во Америка.

— реклама —

— реклама —

Самиот Трамп тврдеше дека токму неговиот син стои зад политичката стратегија на гостувања во бројни подкасти, кои на новиот американски претседател му дадоа значителна поддршка од помладиот електорат.

Сепак, на социјалната мрежа Икс се појави видео кое брзо стана вирално, откривајќи дека малиот Барон на четири години имал силен словенечки акцент. Многу од неговите новооткриени обожаватели се шокирани од откритието, со оглед на тоа што речиси и да нема снимки од Барон Трамп како зборува на Интернет.

Овој клип е преземен од специјалното шоу на Лери Кинг во 2010 година, во кое легендарниот американски водител помина извесно време со Доналд и Меланија Трамп. Видеото за неколку часа собра неколку милиони прегледи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања