Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Протести и приведувања во Србија: Полицијата апси студенти по собирите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryrolsktnk6rlf7hPvBkX

Во Белград вчера се одржа протест на студенти и граѓани поради како што велат бруталното насилство што полицијата го употребила во Нови Сад. По протестот, полицијата започнала со масовни апсења на студенти.

Како што објавија студентите на своите социјални мрежи, полицијата пресретнува групи луѓе во Нов Белград и апси секого на кого ќе наиде.

— реклама —

На фотографиите што ги објавија се гледа група студенти која се наоѓа во обрач од полиција во целосна опрема.

На социјалните мрежи се појави и уште една снимка од скандалозен обид за приведување на студенти.

— реклама —

Како што се наведува во објавата, студентите се враќале од протестот кон факултетот кога полицајците излегле од полициско возило и почнале да ги бркаат без предупредување и без никаква причина.

— реклама —

Исто така, на фотографиите што ги објавија студентите на Земјоделски факултет во блокада се гледа како полицијата построила млади лица до ѕид и врши претрес и апсења во близина на Студентски град.

Студентите соопштија дека, според нивните сознанија, уапсени се најмалку шестмина млади од различни факултети, додека во меѓувреме една студентка била пуштена.

Вчера протести се одржаа во Белград, Ниш, Ваљево, Чачак... Во Белград дошло до неколку инциденти, биле фрлени запаливи факели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 13 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања