Миле Јовановски, татко на Боки 13 односно Бојан Јовановски во интервју за „А1он“ зборувал за „Рекет“, случајот „Меѓународен сојуз“, но и за торбата „Луј Витон“ која е изнесена од куќата на Јордан Орце Камчев. Тој според најавата одговара на прашањата каде завршила торбата, што имало во неа, но и како неговиот син Боки 13 имал контакти со сите челници во Македонија, кои работи ги вршел за нив и зошто.
Според најавата, таткото на Боки 13 зборува и за блискоста на неговиот син син со Зоран Милевски-Кичеец, со кого, заедно се снимени како излегуваат од домот на Камчеви.
Интервјуто треба да се емитува денеска.