Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Прв солистички концерт на Филип Гечовски во спомен на трагично загинатите Петар, Адам, Марко и Ристе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-library4tkq4vk3jgncbchtEqy

Младиот гитарист Филип Гечовски вечерва во Македонската филхармонија го одржа својот прв солистички концерт, кој го посвети на своите четворица пријатели Петар Миланов, Адам Велков, Марко Ѓорѓиевски и Ристе Велков, кои трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа на скопската обиколница на 21 мај годинава.

— реклама —

Концертот за класична гитара е посветен на нивното сеќавање, како израз на вечна благодарност, пријателство и љубов кон оние што прерано заминаа.

„Бевме со друштвото во Солун, јас, Петар, Адам и пријатели. Секој од нас си даде за задача да исполни некоја желба оваа година, да реализира некој сон, без разлика дали заедно или индивидуално. Мојата желба беше оваа година да одржам концерт, мојот прв солистички концерт.“, раскажува Гечовски.

— реклама —

Тој се присетува и на моментот кога ја споделил својата желба со пријателите, кои долго време го чекале да го направи овој чекор.

— реклама —

„Многу убаво се сеќавам кога ја кажав таа желба, тие ми рекоа: ‘Да го одржиш оваа година, не забушавај затоа што веќе многу долго време те чекаме’“, вели Гечовски.

Гечовски е студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во Ниш, каде што со посветеност и постојано усовршување го гради својот уметнички пат и придонесува за афирмација на класичната гитара.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања