Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Први снимки – Москва молчи, расте загриженоста: Што се случи со базата преполна со нуклеарно оружје по разорниот земјотрес?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-07-31-at-10.52.02

По катастрофалниот земјотрес од 8,8 степени што ја погоди руската Камчатка, во јавноста се појавија првите снимки од оштетувања во пристаништето Петропавловск-Камчатски. Но токму она што ги вознемирува светските аналитичари е – молкот на Москва.

— реклама —

Само 120 километри од епицентарот се наоѓа Вилучинск – најголемата база на руската Пацифичка флота, дом на стратешките нуклеарни подморници од класата „Бореј“ и „Бореј-А“, опремени со интерконтинентални ракети „Булова“. Тоа е единствената база на рускиот Далечен исток со инфраструктура за одржување на вакво оружје.

И додека социјалните мрежи се полнат со снимки од пукнати пристаништа и разнишани објекти, од Министерството за одбрана на Русија – тишина. Нема информација дали некоја подморница била на ремонт или во морето во моментот на потресот, ниту каква е состојбата со безбедноста на нуклеарните системи.

— реклама —

— реклама —

Камчатка е дел од таканаречениот „Пацфички огнен прстен“, познат по земјотреси и вулканска активност. Но никогаш досега силен потрес не ја погоди толку блиску најчуваната воена тајна на Русија.

„Овие бродови не носат само ракети – тие се мобилни нуклеарни силоси“, предупредуваат аналитичари. Во отсуство на официјални информации, загриженоста се претвора во шпекулации – дали нешто навистина се случило? И ако да, зошто никој не зборува за тоа?

Светот сега не го загрижува само природниот удар – туку и тишината што доаѓа од една база преполна со нуклеарно оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 2 дена

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 2 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања