„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Видео) Првиот снег годинава го обели Скопје и западните делови од земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarypkfi0vcjaunu9Ch7FI3

Падна првиот снег во Скопје. Поради продор на значително постуден воздух од север, врнежите постепено преминуваат од дожд во снег, при што снежната граница се спушта и се проширува на сè поголем дел од територијата на државата.

— реклама —

Најизразени снежни врнежи се бележат во западните предели, каде што веќе се формира снежна покривка. На повисоките населени места и на планините се очекува снег со висина од 10 до 15 сантиметри, а локално и над 20 сантиметри. Во пониските градски средини, снежната покривка ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри.

Времето ќе биде проследено со засилен, а на моменти и силен ветер од западен и северозападен, а подоцна и од северен правец, кој локално може да достигне брзина и над 60 километри на час.

— реклама —

Утрово пак, само послаби врнежи од снег се регистрираат и во Скопје и неговата околина, каде што исто така се очекува повремено засилен северен и северозападен ветер. Дневните температури денеска ќе се движат од 0 до 7 степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 3 до 4 степени Целзиусови.

На повисоките населени места и планинските подрачја температурите ќе останат под нулата и во текот на денот, што ќе придонесе за задржување и зголемување на снежната покривка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5aitttq4841te3OOflm

(Фото) Австрија парализирана, паднаа 20 санетиметри снег: Лавина затрупа автобус со патници

Свет | пред 5 дена

popova-shapka

На Попова Шапка речиси метар снег, најниска температура измерена утрово

Македонија | пред 1 седмица

49896239_1977012449012818_2128562530354724864_n_1977012442346152

Минимални температури до -2°C и 63 см снег на Попова Шапка

Македонија | пред 2 седмици

2-2

Попова Шапка со 64 сантиметри снег и најмногу врнежи во изминатото деноноќие

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања