Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Пукале во воздух и мавтале со „калашникови“ за време на трка со коњи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryn3lk6t9t82vo1vcNHcQ
screenshot facebook

Снимка од илегална трка со коњи на Сицилија, на која се гледа како присутните пукаат во воздух и мавтаат со „калашникови“, предизвика полициска истрага и заплена на животни.

Видеото, кое наводно било снимено минатиот петок, прикажува двајца џокеи кои со голема брзина управуваат коњски запреги по селски патишта во местото Палагонија, во близина на Катанија.

Зад нив се движеле десетици лица на скутери, додека дел од присутните пукале во воздух.

Снимката на социјалните мрежи ја објавил активистот за права на животните, Енрико Рици.

— реклама —

Полицијата соопшти дека по добиените пријави започнала истрага во квартот Сан Кристофоро во Катанија, по што двајца мажи на возраст од 40 и 45 години биле пријавени во обвинителството.

— реклама —

Во акцијата биле извршени контроли во повеќе штали, а коњите користени во трката биле запленети и сместени на безбедно.

Според италијанските медиуми, истрагата продолжува, а неколку лица биле приведени на распит.

— реклама —

Илегалните трки со коњи и натаму се чест проблем на Сицилија, но и во Калабрија и Кампанија. Претходни истраги покажале дека ваквите настани често ги организираат мафијашки семејства поврзани со Коза Ностра, Камора и Ндрангета.

Организациите за заштита на животните предупредуваат дека коњите често се изложени на насилство, нехигиенски услови и користење забранети супстанци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања