Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пукање во библиотека во САД, најмалку две лица се убиени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b
Photo by Ian Taylor on Unsplash

Најмалку две лица загинаа во вооружен напад што се случи во библиотека во градот Чико, во американската сојузна држава Калифорнија, соопшти локалната полиција.

Според информациите на американските медиуми, полицијата реагирала по пријава во која биле пријавени истрели и врисоци што доаѓале од библиотеката.

— реклама —

„Кога полициските службеници влегоа во библиотеката, осомничениот избега низ задниот излез. Дополнителни полициски сили, кои беа распоредени зад објектот, успеаја да го приведат“, изјави началникот на полицијата Били Олдриџ.

Тој посочи дека станува збор за многу трагичен и трауматичен настан за голем број луѓе.

— реклама —

Во инцидентот, едно дете се здобило со полесни повреди и било пренесено во болница.

— реклама —

Полицијата засега не го соопшти идентитетот на осомничениот ниту причините за нападот, но наведе дека се верува оти напаѓачот дејствувал сам.

Имињата на загинатите нема да бидат објавени сè додека не бидат известени нивните најблиски.

По инцидентот, улиците околу библиотеката биле привремено затворени, а властите формирале центар за повторно обединување на семејствата. Граѓаните се повикани да го избегнуваат подрачјето додека трае истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најавува решение, но преговорите со Канада бележат мал напредок

Свет | пред 10 часа

media-library5tq0pbo49a3v7KOZ0Ys

Третпат го гонат поранешниот шеф на ФБИ: „Би било смешно да не беше толку ужасна злоупотреба“

Свет | пред 1 ден

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Шестмина граѓани го тужат Трамп поради ограничувањата за медиумите во Белата куќа

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања