Промени тема
Контакт

(Видео) Путин призна: Русија го собори азербејџанскиот авион со 38 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library1h53rsouhfto0e06Zlw

Рускиот претседател Владимир Путин првпат јавно призна дека руските противвоздушни сили се одговорни за соборувањето на азербејџанскиот патнички авион кон крајот на минатата година, при што загинаа 38 лица, пренесува агенцијата АП.

Изјавата ја даде за време на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, во Душанбе, главниот град на Таџикистан, каде што двајцата лидери учествуваа на самит на земјите од поранешниот Советски Сојуз.

— реклама —

Несреќата се случила на 25 декември 2024 година, кога авион на компанијата Azerbaijan Airlines, на лет од Баку кон Грозни, главниот град на Чеченија, бил погоден од руски противвоздушен систем. По оштетувањето, авионот се обидел присилно да слета во западен Казахстан, но се урнал. Од вкупно 67 патници, 38 го загубиле животот.

— реклама —

Путин му се извинил на Алиев, опишувајќи го инцидентот како „трагичен случај“ и изразил „длабоко жалење за изгубените животи“. Тој истакнал дека Русија ќе обезбеди обесштетување за семејствата на жртвите и дека ќе спроведе целосна истрага за да ги утврди точните околности на несреќата.

Претседателот Алиев, пак, не го сокрил своето незадоволство, обвинувајќи ја Москва дека се обидела да ја прикрие вистината и да избегне јавна одговорност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 23 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања