Промени тема
Контакт

(Видео) Расте бројот на загинати и повредени: 47 мртви во пожарот во бар во Кранс-Монтана за новогодишната ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 се повредени во катастрофалниот пожар што избувна за време на дочекот на Новата година во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кранс-Монтана, на југозападот од Швајцарија. Трагедијата се случи околу 1:30 часот по полноќ, кога објектот бил преполн со гости од различни националности.

Надлежните институции соопштија дека случајот се третира како пожар, а можноста за терористички или друг насилен напад е целосно исклучена. Регионалната обвинителка изјави дека истрагата е насочена кон утврдување на причините за избувнувањето и брзото ширење на огнот, како и кон безбедносните услови во објектот.

— реклама —

Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот, Џесика и Жак Морети, се живи. Станува збор за брачен пар со потекло од Корзика, кој го презел барот во 2015 година. Покрај „Ле Констелејшн“, тие управуваат и со ресторанот „Ле Вје Шале“ во местото Ленс. Според информациите, во моментот кога избувнал пожарот, во објектот се наоѓала само Џесика Морети, 40-годишна жена, која претрпела изгореници на раката.

— реклама —

Под водство на Морети, некогаш запуштениот локал бил трансформиран во еден од најпопуларните ноќни клубови во Кранс-Монтана, редовно посетуван за време на туристичката и скијачката сезона. И покрај тоа, медиумите досега не успеале директно да стапат во контакт со сопствениците.

Еден од вработените во барот изјавил дека целиот колектив се наоѓа во длабок шок. „Изгубивме дел од нашето персоналот. Денес е навистина тешко да се зборува за тоа“, рекол тој, додавајќи дека трагедијата оставила длабоки последици кај сите кои биле поврзани со објектот.

— реклама —

Швајцарските власти најавија дека истрагата ќе биде темелна и ќе опфати проверка на противпожарните системи, евакуациските излези и безбедносните протоколи, со цел да се утврди дали трагедијата можела да биде спречена. Во меѓувреме, продолжува идентификацијата на жртвите и информирањето на нивните семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 2 дена

media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

20 пожари во 24 часа: Изгаснати 19, еден под контрола кај Белица

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања