Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Разорни поплави во Кина – најмалку 10 загинати, над 30 исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-09-at-10.22.36

Најмалку десет лица загинаа, а 33 се водат како исчезнати поради силните поплави што го зафатија северозападот на Кина, јави државната новинска агенција Xinhua, повикувајќи се на локалните власти.

Поројните дождови започнале во четврток навечер и предизвикале бујични поплави во округот Јужонг, во провинцијата Гансу. Според покраинската влада, до пладне во петок, во делови од округот наврнале околу 220 милиметри дожд.

— реклама —

— реклама —

Властите соопштија дека осум населени места се сериозно погодени, а поплавите ја оштетиле инфраструктурата – вклучително и патиштата и снабдувањето со електрична енергија. Досега биле спасени околу 10.000 луѓе. Издадено е највисоко ниво на предупредување за можни свлечишта.

— реклама —

Силните врнежи предизвикаа проблеми и во други делови на Кина. Во Гуангжу, на југот на земјата, седум лица загинаа во средата кога свлечиште, предизвикано од поплава, затрупа куќи во округот Бајјун. Минатата недела, најмалку 60 лица загинаа во Пекинг и околината како последица на обилни дождови.

Во градот Женгжу, локалните власти суспендираа работа, настава, јавен превоз и активности на отворено поради силното невреме и нови поплави.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 1 седмица

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања