Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Разорни поплави во Кина: Возила носени од вода и урнати мостови, загинаа најмалку десет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarydl7ivsv89svbd0UCOsy
Илустрација

Силните дождови што ја погодија јужна и централна Кина предизвикаа големи поплави во кои загинаа најмалку десет лица, додека во повеќе провинции беа затворени училишта и компании, а нарушени се сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.

Според кинеските медиуми, најмалку шест лица загинале откако пикап-возило со 15 патници било однесено во надојдена река во југозападниот регион Гуангси.

— реклама —

Во одделни инциденти, три лица загинале во поројни поплави во село во провинцијата Хубеи, додека уште едно лице го загубило животот во јужната провинција Хунан.

Кинеската метеоролошка агенција предупреди дека областите во Џјангси, Анхуеј, Хунан, Хубеи, Гуиџоу, Гуангси, Гуангдунг и Хаинан се соочуваат со висок ризик од поројни поплави и свлечишта.

— реклама —

Во делови од централните провинции Хубеи и Хунан е во тек евакуација на населението од поплавените подрачја.

Во градот Џингџоу бил урнат историски рекорд по количината врнежи, откако метеоролошката станица започнала со работа во 1953 година.

— реклама —

Противпожарно-спасувачките служби на Хубеи испратиле повеќе од 1.410 пожарникари, над 90 спасувачки возила, повеќе од 1.500 парчиња опрема и залихи, како и 100 чамци во Џингџоу, соопштија локалните власти, пренесува „Чајна дејли“.

Во погодените подрачја е запрен јавниот превоз, вклучително и градските автобуси, такси-превозот и меѓуградскиот транспорт.

Властите ги повикаа жителите да избегнуваат непотребни патувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye7nhaeo7c3nfeJcyUBe

(Видео) Пловечки мост во Кина долг 500 метри се наоѓа на само неколку сантиметри над водата

Вирално | пред 3 дена

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Кина ја засилува употребата на арктичкиот коридор: Испораките до Европа се скратуваат до 25 дена

Свет | пред 4 дена

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања