Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Речиси 100 повредени во експлозија во североисточен Авганистан, седум ученици загинаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 40 минути -

Свет
media-libraryn8k00uve830e1fP6B2a

Најмалку седум ученици загинаа, а речиси 100 лица се повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар, во североисточен Авганистан. Информацијата ја потврди портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи, Абдул Матин Кани.

— реклама —

Експлозијата се случила на периферијата на Асадабад, главниот град на покраината што граничи со Пакистан. Според првичните наоди, причината може да биде небрежност во магацин со експлозиви што им припаѓаат на рударски компании, соопшти раководителот на покраинскиот оддел за култура и информации, Сами ул Хак Бајан.

— реклама —
— реклама —

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат тешко оштетена училишна зграда, како и повредени деца кои со автомобили биле пренесувани во болница. До 15 повредени биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени по укажаната медицинска помош.

— реклама —

Авганистанските власти започнале истрага за причините и околностите на експлозијата. Покраината Кунар во последните години бележи зголемена експлоатација на скапоцени камења, а рударството е една од важните економски гранки во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylgvg54d2ki0d5SDcpPw

Ракета во сопственост на компанијата на Џеф Безос експлодираше за време на тестирањето

Свет | пред 5 месеци

— реклама —
media-library9qtl8cmd9p0pbGgXmz6

(Видео) Смртоносна експлозија во Кран Монтана, најмалку 10 загинати

Свет | пред 10 месеци

media-library2t6eh42d9nqgdQrCiV5

(Видео) Печурка како по нуклеарна експлозија во Загреб, пиротехнички средства биле врзани за канистер

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања