ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(ВИДЕО) „Рибља чорба“ објави шест песни од новиот албум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot_49-2

Легендарната рок групата „Рибља чорба“ претстави шест нови песни што ќе се најдат на нивниот 21. студиски албум. Ова ќе биде прв албум на бендот што ќе излезе по смртта на басистот Миша Алексиќ, кој беше ко-основач на „Рибља чорба“.

— реклама —

Песните „Две гитаре“, „Очи малог пса“, „Дубока држава“, „Кад бих се родио опет“, „Парада“ и „Заиста не волим што старим“, ги промовираа во емисијата „Спутњак“. За сега не се знае точниот датум на издавање, ни името на албумот, но според Бора Ѓорѓевиќ, требало да се вика Dance Macabre („Танц на смртта“) или „Смрт во 10 лекции“.

— реклама —

„Се откажав од спомнувањето на смртта, иако албумот е тежок и црн како времето во кое живееме. Би можело да се нарече ‘Две гитаре’, по песната за која музиката ја направи Миша. Во текстот ги споменувам Синиот воз, Советот и Љубљана, асоцијации со болеста и смртта на Јосип Броз Тито. Напишав црн текст, му го испратив на Миша на кој му се допадна и тој ја напиша музиката“, рекол Бора во интервјуто.

— реклама —

Песната „Две гитаре“ беше премиерно испеана во живо на концертот што „Рибља чорба“ го одржа на стадионот „Ташмајдан“ лани на 16 август. Концертот беше посветен на ко-основачот на бендот Алексиќ, а се одржа на денот на неговото раѓање.

Според Ѓорѓевиќ, по новиот албум, бендот ќе издаде уште еден, наречен „И тако даље“, на кој ќе се најдат некои песни на кои нема место и концептуално не одговараат на албумот на којшто работат во моментов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања