Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Роналдо откри кога ќе ја заврши кариерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
ronaldo-960x638-1

Кристијано Роналдо најави дека претстојната сезона би можела да биде последна во неговата професионална фудбалска кариера, со што би ставил крај на патот што трае веќе 25 години.

41-годишниот Португалец во разговор за „Вог“ откри дека сериозно размислува за повлекување од фудбалот.

— реклама —

„Ова веројатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо.

Тој има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе наполни 42 години, па токму истекот на актуелниот договор би можел да означи крај на неговата професионална кариера.

— реклама —

До тогаш Роналдо ќе има можност да ја достигне и неверојатната граница од 1.000 голови. Во моментов му недостигаат уште 30 погодоци за ова достигнување.

Португалецот веќе размислува и за животот по фудбалот. Тој сака повеќе да патува, но и поголем дел од слободното време да посвети на паделот, спорт што особено го сака.

— реклама —

„Фудбалот може да остави голема празнина, па мора да ја исполните со повеќе работи, а не само со една“, вели Роналдо.

По две и пол децении професионален фудбал, тој сака да поминува повеќе време со семејството и да ужива во она што го стекнал во текот на кариерата.

— реклама —

Ал Наср новата сезона ја започна со победа од 3:0, но Роналдо не настапи. Тој пристигнал во Саудиска Арабија неколку дена претходно, а натпреварот го следел од трибините во друштво на сопругата Георгина Родригез и нивните деца.

Доколку навистина се повлече по истекот на договорот со Ал Наср, Роналдо ќе има уште една сезона да се обиде да ја заокружи кариерата со достигнување кое досега не го остварил ниту еден фудбалер – 1.000 постигнати голови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 2 седмици

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања