Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Русија на колена, „Фламинго“ напаѓа – има мртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarye3snl9via0i37iJaDjQ

Украинските сили извршиле серија ракетни напади врз цели во Русија, вклучително и објекти од воено-индустрискиот комплекс во градот Чебоксари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски наведе дека станува збор за крстосувачки ракети со долг дострел, познати како „Фламинго“, кои прелетале повеќе од 1.500 километри и погодиле фабрика што, според него, произведува компоненти за руската воена индустрија, вклучувајќи опрема за морнарицата, авијацијата и оклопните возила.

— реклама —
— реклама —

Тој оцени дека нападите се „праведен одговор“ на руските удари врз Украина и повторно ја повика Москва да ја прекине војната и да се врати на дипломатијата.

„Русија мора да го запре овој конфликт и да се сврти кон вистинска дипломатија. Јасно го изнесовме нашиот предлог“, порача Зеленски.

— реклама —

Нападите се дел од поширока офанзива врз руска територија, при што, според локалните власти, еден град бил погоден дури трипати. Премиерот на Чувашката Република, Сергеј Артамонов, изјави дека се разгледува можноста за прогласување вонредна состојба во регионот.

— реклама —

Засега нема прецизни информации за бројот на жртви и степенот на материјална штета, додека надлежните служби продолжуваат со проценките на терен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 9 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 17 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања