Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Русија: Во напад со дрон врз Московската област загина шестмесечно бебе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarye12t0vacuv6vbj3EHhJ
Илустрација

Украина соопшти дека по вторпат за нешто повеќе од една недела извршила напад врз рускиот центар за сателитски комуникации „Дубна“, кој се наоѓа северно од Москва.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, објектот, кој се наоѓа на околу 500 километри од украинската граница, се користи за разузнавачки активности и координација на руските вооружени сили ангажирани во војната во Украина.

— реклама —

Руските власти засега официјално не потврдија дека комуникацискиот центар бил погоден. Сепак, гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, изјави дека дрон погодил административна зграда во градот Дубна, при што немало жртви.

— реклама —

Во меѓувреме, Воробјов соопшти дека во напад со дрон врз семејна куќа во Московската област загинало шестмесечно бебе. Според него, спасувачките екипи извлекле две возрасни лица и две деца од урнатините, но бебето починало на пат кон болница.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 60 дронови во неколку бранови напади врз главниот град. Од руското Министерство за одбрана, пак, соопштија дека вкупно биле пресретнати или уништени 419 беспилотни летала.

— реклама —

Украинските напади се дел од стратегијата на Киев за засилување на притисокот врз Кремљ преку удари длабоко на руска територија, при што сè почести цели се енергетската инфраструктура и воените објекти.

— реклама —

Кремљ ги осуди нападите, а портпаролот Дмитриј Песков изјави дека во нив страдаат цивили и деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 6 часа

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 14 часа

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања