Американскиот рапер Канје Вест, познат и како Је, одржа голем концерт во Тирана, кој според албанските медиуми привлече илјадници посетители од Албанија и од регионот.
Настапот беше организиран како еден од најголемите музички настани во албанската престолнина ова лето, а на концертот присуствуваше бројна публика која ги проследи неговите најпознати песни и сценскиот настап.
Албанските медиуми објавија дека настанот привлекол и значителен број странски посетители, поради што биле исполнети дел од хотелските и угостителските капацитети во Тирана.
Концертот беше поддржан и од албанските власти, кои го претставија како настан што треба да придонесе за меѓународната промоција на Тирана и за развојот на туризмот.
Премиерот Еди Рама по настапот објави снимки од концертот и го оцени настанот како успешен, истакнувајќи ја големата посетеност и атмосферата во текот на вечерта.
Концертот, сепак, не помина без контроверзии. Албанската Влада потврди дека за организацијата на настанот биле издвоени околу четири милиони евра, што предизвика негодувања во јавноста и критики од дел од политичките партии и граѓаните, кои сметаат дека јавни средства не требало да бидат потрошени за концерт на светска музичка ѕвезда.