Познатиот тиктокер Макс Клименко, кој е роден во Украина а живее во Обединетото кралство, е втор кој изминативе денови прави интервју со заменик генералната секретарка на НАТО Радмила Шенернска. Тој прво ја праша кога Украина ќе се приклучи на НАТО, на што таа одговори „Јас го немам одговорот“.
Кога тиктокерот и посочи дека за Украина да се приклучи, треба само да се гласа, Шекеринска рече дека за тоа се потребни 32 гласа.
На крајот беше прашана што ќе биде со НАТО ако САД се откажат од членството во НАТО.
„Го прашав НАТО повторно за Украина. За целиот свет е очигледно дека Русија не сака мир. Тие го покажаа ова со отфрлање на секој продолжен предлог за прекин на огнот или мировен план. Нивната основна цел да ја избришат независна Украина од картата не се променила и нема да се промени. На Украина ѝ се потребни сојузници, а на сојузниците им е потребна Украина за да победат. Патот на Украина кон НАТО е неповратен, а приклучувањето на Украина кон Алијансата е од суштинско значење за европската и глобалната безбедност“, напиша тиктокерот Клименко.