„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Селин Дион со емотивна порака: Вашиот ден нека биде исполнет со љубов, благодарност и скапоцени моменти со луѓето кои ви значат најмногу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-librarysj8njlur38steogcgX4

Француско-канадската супер ѕвезда Селин Дион, упати емотивна порака до своите фанови по повод Денот на благодарноста, потсетувајќи колку е важно човек да запре за миг, да земе здив и да се потсети на вистинските вредности во животот.

— реклама —

Во видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм профил, Дион се обраќа со порака што носи мир и топлина.

„Денеска е прекрасен потсетник да забавиме, да земеме длабок здив и да бидеме благодарни. Има нешто навистина моќно во тоа да се собереш со луѓето што ги сакаш – без разлика дали околу полна трпеза, преку телефон или дури и само во срцето“, вели Селин во видеото.

— реклама —

Познатата светска пејачка во 2022 година јавно откри дека боледува од синдром на вкочанета личност – ретко и прогресивно невролошко нарушување што го зафаќа мозокот и ’рбетниот мозок. Болеста сериозно го наруши нејзиниот секојдневен живот и музичката кариера.

И покрај здравствените предизвици, во празничното видео, Дион зрачи со достоинство и благодарност.

„Толку сум благодарна за моето семејство и за моментите што ги споделуваме заедно – тие ми значат сè“, истакна таа.

На крајот од пораката, пејачката им упати искренa желба на сите свои следбеници: „Нека вашиот Ден на благодарноста биде исполнет со радост, со мир и со благодарност, дури и за малите нешта. Среќен Ден на благодарноста од мене и моето семејство до вас и вашите најблиски.“

Пораката има повеќе од 100.000 лајкови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-08-11-at-09.58.04

(Видео) Селин Дион е бесна на Трамп што ја користел нејзината песна на предизборен митинг без дозвола

Свет | пред 1 година

maxresdefault-2

(Видео) Најголемата здравствена криза на Селин Дион, пејачката емотивна пред камерите

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Селин Дион се расплака на премиерата на својот филм: „Вашето присуство на моето патување беше подарок“

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Селин Дион го расплака целиот свет со порака: Ако не можам да одам, ќе ползам

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања