Во населбата Драчево, на улица „Славка Димкова“, на 24. август, целосно изгорела семејна куќа откако пожар избувнал поради стара електрична инсталација. Во огнената стихија семејството останало без покрив над глава, а целокупниот имот им е уништен.
Семејството упати јавно обраќање до сите хумани граѓани, институции и организации кои можат и сакаат да помогнат за изградба на нов топол дом. На социјалните мрежи објавија и видео од настанот, со надеж дека ќе стигне до што повеќе луѓе кои ќе им подадат рака во најтешките моменти.
Жиро сметка: 200001963010623
Nikola Nastovski