Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Видео) Семејството на двегодишното дете кое почина од метален фрагмент, обвинува за полициска бруталност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library14kjub26mlnb7sI9Tc1

Двегодишното дете на семејството Аслани почина ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ по повреда во главата од метален фрагмент, додека семејството обвинува за полициска бруталност.

— реклама —

Во повеќе видео-материјали емитувани денеска во живо, членовите на семејството покажуваат модрици од удари, за кои тврдат дека им ги нанесла полицијата. Таткото на детето, Муше Аслани, откри дека бил испитуван од полицијата дали му направил нешто на детето и дека полициските службеници ги тепале и други членови на семејството.

— реклама —

„Мене ме малтретираа, не ме оставија да го видам синот. Малку ми ги поткршија рацете, а јас сум опериран на раката, ме оставија на ладно, „не ти е ништо“ ми велеа. Ме прашуваа да не сум му направил нешто“, изјави Аслани.

— реклама —

Според неговите зборови, полицијата ги буткала присутните членови на семејството и сите биле однесени во полициска станица, иако немале оружје. Семјството преку видеото на „Рома Прес“ побара неселективна и итна правда и казнување на сторителот.

Министерството за внатрешни работи објави дека двегодишното дете било донесено во Клиниката за трауматологија во многу тешка состојба со метален фрагмент во главата. Лекарски извори наведуваат дека проектилот бил од заталкан или одбиен куршум и со релативно мала сила влегол во главата на детето.

Според полицискиот извештај, на 1 јануари во 00:58 часот, детето починало, а телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. Полициските службеници извршиле службен разговор со мајката и таткото на детето и преземени се мерки за расчистување на случајот.

МВР засега не излезе со официјален коментар за обвинувањата за полициска бруталност.

Видео материјал од: Roma Press

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Свет | пред 3 седмици

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Свет | пред 3 седмици

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd6k4kj58ahrq9IbOk1b

Две бебиња во инкубатор итно пренесени од Дубровник до Сплит

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања